Швајцарски репрезентативец ќе си купи билет за клупата за резерви на Баерн до 2025 година

Швајцарскиот репрезентативец Јан Сомер е многу блиску до преселба во Баерн, а се очекува да потпише договор со гигантот до 2025 година.

Одличниот голман на Борусија Менхенгладбах ќе му биде конкуренција на неприкосновениот германски репрезентаивец Мануел Нојер, кој е фудбалска икона на Баерн и на германскиот фудбал.

Нојер има 36 години и е во Баерн од 2011 година. Има освоено буквално сè со најтрофејниот клуб во Германија, па јасно е дека 34-годишниот Сомер ќе има невозможна мисија да му ја земе „единицата“.

Сомер брани за Борусија Менхенгладбах од 2014 година и Баерн ќе му биде петтиот клуб во кариерата по Базел, Вадуз, Грасхоперс и Борусија.

- Оглас -

Најнови вести