Швајцарскиот великан е во голема криза: „Нема гол во октомври – нема избор за гол на месецот“

Екипата на Базел е 20-кратен шампион на Швајцарија, но оваа сезона не му цветаат рози. Фудбалерите на славниот швајцарски клуб оваа сезона играат катастрофално и се убедливо последни на табелата само со пет поени од 11 натпревари. Петте поени ги освоија со победата над Винтертур и двете нерешени против Цирих и Луцерн.

Лошата форма на екипата им создаде проблеми и на луѓето кои ги водат социјалните мрежи на клубот. Како и сите големи клубови, така и Базел секој месец избира гол на месецот, но во октомври тоа нема да биде можно. Причината е едноставна, на четирите натпревари кои ги одиграа не успеаја да постигнат ниту еден гол, а примија дури 10.

- Оглас -

Најнови вести