Швајцарските навивачи со урнебесна порака до Италија

Англија ја победи Швајцарија со 2:1 во пријателски меч одигра на „Вембли“ во Лондон. Емболо погоди во 22 минута за водство на Швајцарија, а Шоу во последната минута од првиот дел израмни на 1:1.

Во 78 минута, Англија со голот на Хари Кејн направи целосен пресврт и на крајот славеше со 2:1. Иако нивната репрезентација загуби, навивачите на Швајцарија беа расположени на трибините. Иако играа против Англија, фановите на Швајцарија повеќе се радуваа на фактот дека Италија која беше со нив во квалификациите за СП 2022, нема да биде дел од Мундијалот во Катар.

Во останатите пријателски мечеви кои се одиграа денеска, Белорусија – Индија 3:0, Финска – Исланд 1:1, Гибралтар – Фарски Острови 0:0, Ирска – Белгија 2:2, Катар – Бугарија 2:1.

- Оглас -

Најнови вести