Швајцарците направија симулација: Португалија има најголеми шанси да го освои ЕП (Фото)

Швајцарската организација за фудбалска статистика, Swiss football data, ги направи своите пресметки пред почетокот на Европското првенство во Германија. Тие направија над 10.000 симулации и ги користеа ранг-листата на ФИФА, рејтинзите на ЕЛО, но и формата на репрезентациите за да одредат кој има најголеми шанси да ја освои европската титула.

Изненадувачки, најголеми шанси има Португалија, дури 20%, па следува Франција со 16,1%, потоа Шпанија со 15,8%, Белгија со 12,4% и првата петорка ја затвора Хрватска со 7,4% шанси за освојување на Европското првенство.

Најголемиот фаворит според квотите, Англија, според оваа пресметка е дури на седмата позиција, домаќинот Германија е осми, додека бранителот на трофејот, Италија, е на деветтата позиција со 4,1% шанси да го одбрани тронот. Словачка и Грузија имаат 0% на дното од оваа листата, додека пред нив се Полска и Албанија со минимални 0,1%.

- Оглас -

Најнови вести