Швајцарците не сакаат да ризикуваат и им го забранија двоглавиот орел на Шаќири и другарите на СП во Катар

Фудбалската федерација на Швајцарија одлучи да им ја забрани прославата со двоглавиот орел на нивните фудбалери на претстојното Светско првенство во Катар.

Џердан Шаќири и неговите соиграчи нема да можат да ја користат оваа прослава на ниту една од средбите со цел да нема провокации, особено кон српските навивачи.

„Не би требало да постојат зборови, гестови или однесување кое предизвикува реакција на другата страна. Кога навиваме, ја покажуваме својата радост и тоа е важно, а не да бидеме провокативни.

СП не се состои само со натпреварот против Србија, иако не сакаме да се повтори инцидентот од 2018 година“, изјави директорот на швајцарската репрезентација, Пјерлуиџи Тами.

- Оглас -

Најнови вести