Швајцарците ни станаа муштериии, веќе две децении немаме пораз од нив

Ракометните репрезентации на Македонија и Швајцарија досега имаат одиграно осум меѓусебни меча и на последните шест дуели секогаш победувал нашиот национален тим. Само во првите два дуели кои Македонија и Швајцарија ги играле меѓу себе, во 2003 и 2004 година, славеле Швајцарците (24-31 и 30-34) Ова дава повод за оптимизам дека може да извлечеме позитивен резултат вечерва во Берлин (18 часот) во последниот меч за Македонија на ЕП 2024.

Првата победа со Швајцарците ја остваривме во 2012 година и тоа со 30-24. Во 2013 година победата беше изразена со пет гола разлика (27-22). Една година подоцна, дојде триумф од 27-20, а во 2015 година убедливи 26-17.

Разликата почна да се намалува во 2020 година, победата за нас беше 25-23, а последниот дуел го имавме во 2021 година, со минимален триумф од 29-28.

Сите овие мечеви беа од квалификации за ЕП.

Работите се менуваат, сега Швајцарија е голем фаворит на хартија, наше е да ја спречиме во намерата да извојува историски прва победа над Македонија.

- Оглас -

Најнови вести