Швајцарците „разочарани“ од атмосферата во Белград, фановите на Макаби Хаифа биле погласни

Фановите на Црвена ѕвезда со прекрасна кореографија и гласно навивање се обидоа да го мотивираат и да му помогнат на својот тим на синоќешниот меч против Јанг бојс во Белград, кој заврши со 2-2.

Има многу пофалби за атмосферата која ја создадоа Делиите, но новинарите од швајцарски „Блик“ воопшто не биле импресионирани, барем така пишуваат во својот извештај.

„Ни концертот од свирежи на жестоките навивачи на Црвена ѕвезда на почетокот, кога играчите на Јанг бојс излегуваа од тунелот на теренот на загревање, не беше толку застрашувачки. Навивачите на Макаби во Хаифа дефинитивно беа погласни“, се наведува во овој швајцарски медиум.

- Оглас -

Најнови вести