Мечот Швајцарија – Литванија почна со доцнење од 15-тина минути, и тоа поради неверојатна причина. На обично педантните Швајцарци им се случи невиден кикс, да постават голови кои се 5-10 сантиметри повисоки од пропишаната висина од 244 сантиметри. Делегатот и судиите бараа поправка на головите и тие да бидат со стандардната височина.
Откако се реши проблемот, мечот почна.