Шведска доби нов фудбалски првак

По три години пауза, најтрофејниот шведски клуб Малме повторно ја освои титулата во домашното фудбалско првенство. Малме вчера со 4:0 го победи Сириус и стигна до 56 бода, десет повеќе од второпласираниот Елфсборг, а до крајот на шампионатот остануваат да се доиграат само уште три кола.

На дуелот против Сириус на клупата го немаше тренерот Јон дал Томасон, кој е во карантин откако се покажа позитивен на корона-вирусот. На трибините имаше мал број гледачи, додека поголем дел од фановите беа пред стадионот и таму ја прославија титулата.

За Малме ова е рекордна 21-ва титула во првенството, а вкупно шеста во последните 11 сезони.

 

- Оглас -

Најнови вести