Шведска е апсолутен фаворит за победа на Евровизија според квотите во Sport Life (Фото)

Новото издание на Евровизија започнува вечерва со првото полуфинале. Натпреварот за песна на Европа се одржува во Ливерпул, Велика Британија, бидејќи минатата година победи Украина, а таму се уште траат воените дејствиа.

Шведска е најголем фаворит за победа на овогодинешното издание на Евровизија со квота во Sport Life од 1.60. Следува уште една скандинавска земја, Финска, со квота од 2.85. Останатите земји се далеку од двата најголеми фаворити, па така следуваат Франција и Украина со идентична квота од 9.

Македонија оваа година нема да учествува на Евровизија, а најмногу победи има Ирска, дури 7, но последната во далечната 1996-тата година. Шведска е на втората позиција со 6 победи и со оглед на фаворитската улога оваа година може да израмни на врвот со Ирска.

Понудата во Sport Life вклучува и типување за полуфиналните натпревари кои ќе се одржат вечерва и во четврток. По 11 држави од секое полуфинале ќе обезбедат пласман во финалето кое ќе се одржи во сабота.

Помеѓу останатите игри во понудата на Sport Life може да типувате која држава ќе биде најдобропласирана од балканските земји, но и од земјите од големата петка.

- Оглас -

Најнови вести