Шведска го има најстариот состав, Турците се најмлади, а Македонија е во златната средина

Македонската фудбалска репрезентација на дебитантскиoт настап на Европското првенство ќе настапи со фудбалери чија просечна возраст е точно 27,6 години, покажаа пресметките по комплетирањето на официјалниот состав за големото натпреварување.

Капитенот Горан Пандев е најстариот и најискусен во македонскиот тим со полни 37 години и дури 119 одиграни мечеви. Најмлад во нашата селекција е Дарко Чурлинов, кој е единствениот роден во новиот милениум, односно на 11 јули 2000 година и уште нема наполнето 21 година. Чурлинов има три настапи за Македонија, а на последниот меч против Казахстан го даде и дебитантскиот гол.

Од останатите селекции кои се дел од ЕП, Шведска го има најстариот состав со просечна возраст од 29,2 години, пред селекцијата на Белгија која во просек има 29,1 година и Словачка со 28,2 години просечна старост на фудбалерите.

Најмлад е составот на Турција со просечна старост од 24,9 години, а Англичаните имаат просек од 25,2 години.

ПРОСЕЧНА СТАРОСТ НА СИТЕ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ КОИ СЕ ДЕЛ ОД ЕП:

Шведска 29,2

Белгија 29,1

Словачка 28,2

Финска 28,1

Унгарија 28

Португалија 27,9

Русија 27,9

Франција 27,8

Хрватска 27,8

Австрија 27,8

Италија 27,7

Данска 27,7

Македонија 27,6

Германија 27,5

Чешка 27,4

Шкотска 27,3

Холандија 27,2

Полска 27,1

Швајцарија 27

Шпанија 26,5

Украина 26,4

Велс 25,5

Англија 25,2

Турција 24,9

 

- Оглас -

Најнови вести