Шведска и Јужна Африка го одиграа првиот натпревар на СП за жени на кој се тресеа двете мрежи, Франција киксна против Јамајка

Потребно беше да се одиграат 10 натпревари за Светското фудбалско првенство за жени, за да го добиеме првиот меч на кој се тресеа двете мрежи. За тоа се погрижија репрезентациите на Шведска и Јужна Афика, а “скандинавките“ победија со 2-1. Интересно сите три погодоци беа постигнати во вториот дел, а Јужна Африка дојде во водство од 1-0 преку Магаја во 48-мата минута.

Шведска направи комплетен пресврт со головите на Ролфо во 65-тата минута и Илестед во 90-тата. Ова беше првиот натпревар од денешната програма на Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд, а на наредните два дуели, репрезентациите продолжија по старо, односно само едната екипа да постигне погодок или пак ниту едната.

Холандија со погодок на ван дер Граг во 13-тата минута забележа минимална победа од 1-0 против Португалија, додека Франција направи голем кикс и не успеа да ја совлада Јамајка. Дуелот заврши без погодоци, 0-0, иако репрезентацијата од Централна Америка дуелот го заврши со фудбалерка помалку откако Шо зараби втор жолт картон, автоматски и црвен.

- Оглас -

Најнови вести