Ракометната репрезентација на Шведска го совлада Исланд со 35:30 во скандинавската пресметка во рамки на групата 2 во главната фаза на СП.
Натпреварот кој на моменти наликуваше на „скандинавска војна“ со груби прекршоци, одлично го судеше најдобрата македонска судиска двојка, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Првото полувреме беше полно со пресврти, средбата започна со три гола на Шведска, но Исланѓаните во 20-та минута по голот на Видарсон поведоа со 12:11. Пет минути подоцна беше и 15:12, но Швеѓаните носени од домашните навивачи во „Скандинавиум Арената“ во Гетеборг, успеаја да направат нов пресврт и на одмор да заминат со 17:16.
https://twitter.com/i/status/1616544608896356354
И второто полувреме започна на идентичен начин како и првото, со три гола на Шведска, а потоа на сцена стапи голманот Андреас Паличка кој со фантастичните одбрани ги фрли во очај Исланѓаните, а неговите соиграчи беа безмилосни во нападот.
What a save… my goodness.
Sweden in front for the moment but this game is far from over yet… #POLSWE2023 pic.twitter.com/CiMzyT2Zzk
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 20, 2023
На крајот Шведска дојде до триумф од 35:30 со кој обезбеди пласман во четвртфиналето.
Паличка мечот го заврши со 11 одбрани, а во нападот брилјираше Лукас Пелас со осум постигнати голови. Кај Исланѓаните, Елисон исто така даде осум гола.
Во натпреварот од групата 1, Полска со 27:20 ја совлада Црна Гора и ги освои првите бодови во главната фаза.