6765 Азербејџан – Бугарија (17.00 часот)
Ова е дуел на два тима кои пред три дена на пријателските мечеви со Монголија, односно Танзанија, извојуваа неубедливи победи од по 1-0. Бугарите имаат серија од три меча по ред без пораз, додека на последните пет меча на Азербејџанците никогаш не беше „Гол-Гол“, секогаш или тие или противникот не даваа гол. Азербејџан има серија од седум меча без реми. Сите показатели укажуваат дека нема да има повеќе од три гола.
Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.86)
6733 Шведска – Албанија (19.00 часот)
По петардата која ја примија од силната Португалија, Швеѓаните имаат шанса за поправен, и тоа дома против нашиот западен сосед, кој во четвртокот неочекувано беше убедливо поразен од Чиле со 0-3. Квотите ја фаворизираат Шведска, која последен пат кога играше дома против Албанија, а тоа беше во 2009 година, победи со 4-1.
Предлог тип: 1 & 1+ пол. (1.93)
8518 Црвена ѕвезда – Мега Баскет (20.00 часот)
Ѕвезда оди по потврда на првото место по регуларната сезона во АБА-лигата, додека Мега се бори за влез во плејофот. Двата тима имаат серии од по четири победи по ред во јадранската лига. Нема дилеми кој е кој во овој дуел, прашање е само колку домашните ќе запнат и дали ќе триумфираат со поголема или помала разлика од хендикеп границата која е поставена на 16.5 поени. Ѕвезда имаше одлично издание во Евролигата во четвртокот, па може малку и да калкулира со силите. Мега десет години нема гостинска победа против Црвена ѕвезда.
Предлог тип: Т1 <91.50 (1.86)
1321 Албасете – Расинг Ферол (20.30 часот)
Албасете е во криза, има три порази во низа, сите во мечеви на кои даваше гол, и се наоѓа во опасната зона на табелата, му се заканува преселба во третата шпанска лига. Ферол е во ситуација да се бори за место во плејофот за влез во Примера, со победа би биле шести на табелата. Зимоска кога овие два тима се сретнаа во Ферол, Расинг победи со луд резултат од 5-4.
Предлог тип: 1–3 I & 1-3 II (2.25)
4230 Годој Крус – Сан Мартин (21.15 часот)
Победникот од овој двобој во 16-финалето на аргентинскиот куп ќе игра со Ел Порвенир, клуб кој приреди сензација елиминирајќи го прволигашот Ланус. Годој Крус е фаворит, а иако е домаќин на хартија, средбата вечерва се игра на неутрален терен. Ова се два тима кои не можат да се пофалат со некоја голема ефикасност, веројатно нема да има голеада.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.12)