Репрезентацијата на Шведска немаше многу проблем и лесно ја победи Словенија со ??? во меч од главната групна фаза на Европското првенство во ракомет. Со оваа победа Шведска стигна до максимални четири бодови, колку што има и Данска. Словенија остана на два бода колку што има и Португалија, а во оваа група без бодови се Норвешка и Холандија.
Само во првите 20 минути Словенија беше рамноправен ривал на Шведска, кога имаше и водство од 6:5. Потоа следуваше серија од 5:0 на Шведска и на полувреме Викинзите заминаа со предност од 11:7.
https://twitter.com/i/status/1747715914961948762
Во второто полувреме Шведска тргна со нова серија, овојпат од 4:0 и стигна до 15:7. Од тој момент до крајот, Шведска постојано имаше контрола на резултатот и стигна до убедлива победа.