Шведска покажа сила во дербито против Хрватска

Кодомаќинот на Европското ракометно првенство, Шведска, со максимални шест бода ја завршува групната фаза откако вечерва без многу проблеми ја победи Хрватска со 33:25. Ова беше дуел на двете селекции кои имаа по две победи во првите две кола, но Хрватите едноставно не можеа да парираат.

Шведска поведе со 2:0 и потоа до крајот на средбата не му дозволи на противникот да се понадева дека може да поведе, а не да стигне до победата. Домаќините во првото полувреме водеа со 8:5, потоа и со 14:10, а на полувреме ја задржаа таа предност од четири погодоци (17:13).

Во вториот дел Шведска го зголеми темпото на игра, па поведе и со осум разлика (23:15) и 26:18, па до крајот само се чекаше да се види конечниот резултат.

- Оглас -

Најнови вести