Шведска останува во борба за место во полуфиналето на Европското прбвенство во ракомет, откако со 25:21 ја победија Германија во меч од 4 коло во група 2. Со овој триумф Шведска стигна до шест бодови и во последното коло ќе биде директен дуел со Норвешка за место кое води во борба за медалите.
Во претходните пет меча на овие две селекции, Шведска немаше ниедна победа против Германците, но овојпат беа решени да се радуваат. Од првиот момент поведоа со 1:0, а потоа и со 5:2, па во текот на целото прво полурвеме имаа контрола на водството, кое по 30 минути изнесуваше два гола.
https://twitter.com/i/status/1485307024430796800
Во средината од второто полувреме резултатот беше 15:15, но тогаш Швеѓаните заиграа многу подобро. Со серија од 8:3, стигнаа до висока предност од 23:18 и веќе беше јасно кој ќе победи.