Златан Ибрахимовиќ е еден од легендарните фудбалери кои ги имала Шведска. Одигра 122 натпревари во дресот на Швеѓаните, а вечерва фановите и федерацијата уште еднаш му се заблагодарија за сѐ што направи за фудбалот во оваа земја.
Навивачите го потсетија на фантастичниот гол со „ножички“ што го постигна против Англија, фудбалерите и раководството на шведскиот фудбал го поздравија со шпалир, а на крајот Ибрахимовиќ доби и врамен шведски дрес со бројот 122, колку што имаше настапи во националниот тим.
Магијата Ибракадабра засекогаш ќе се памети во Шведска, но и во целиот свет.