Не стивнуваат реакции по неверојатниот полуфинален дуел меѓу Франција и Шведска, по кој Галските петли се пласираа во мечот за златото на Европското ракометно првенство. Шведска водеше со 27:25 на 40-тина секунди до крајот, но Франција успеа да се врати и стигна до 27:27, а потоа во продолженијата беа подобри.
Неверојатен беше погодокот што го постигна Елохим Пранди и тоа со шут од 11 метри и тоа со шут откако истече 60-тата минута. Пранди требаше само да ја исфрли топката и тоа преку шестмина ракометари на Шведска и голманот Паличка. За чудо, тој успеа да погоди и да израмни на 27:27.
https://twitter.com/i/status/1750948385610231924
Веднаш започнаа многу дебати околу тоа дали погодокот на Пранди е регуларен или тој се одвоил со ногата од првичната позиција што ја имаше. Судии на овој меч беа Македонците Начевски-Николов, кои одлучија дека погодокот е регуларен.
По завршување на средбата, Шведска и официјално поднесе жалба поради тоа што тие сметаат дека погодокот на Пранди бил нерегуларен, односно дека Французинот ја помрднал ногата од позицијата од која не смееше да ја помести, односно одлепи од земја.
Останува ЕХФ да донесе одлука, но тешко е да се верува дека од резултатски аспект ќе има некаква промена.
EHF confirms to @TV2SPORTdk that the Swedish Handball Federation has files a protest against the last goal of France.#handball
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) January 26, 2024