Репрезентацијата на Шведска е на последното место во својата група од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026, а по двата неочекувани порази од Косово, отказ доби неодамнешниот селектор, Јон Дал Томасон.
Фудбалскиот сојуз на Шведска веднаш реагираше и на негово место го назначи поранешниот тренер на Челзи и Вест хем, Греам Потер.
Англичанецот потпиша договор до крајот на квалификациите, што го вклучува и баражот во март следната година, бидејќи Шведска веќе го има обезбедено местото во разигрувањето преку Лигата на нациите.
Доколку Потер успее да се квалификува со Шведска на Светското првенство, договорот автоматски ќе му биде продолжен.