Според тоа кои фудбалери ги имаат во офанзивниот ред, репрезентацијата на Шведска може да се вброи меѓу најопасните во Европа. Синоќа на дуелот против Косово, во нападот на Шведска имаше тројца играчи кои заедно на фудбалскиот пазар вредат неверојатни 270 милиони евра.
Виктор Ѓокереш летово направи трансфер во Арсенал за сума од 65 милиони евра, потоа тука е најскапиот Александер Исак, за кого Ливерпул плати неверојатни 145 милиони евра, и Ентони Еланга, кој во Њукасл дојде за 61 милиони евра.
И покрај ѕвездениот напад што го има, Шведска на свој терен загуби од Косово, и тоа со 0:1, со што ги загуби шансите за пласман на Светското првенство. Срамотата да биде поголема, Шведска воопшто не успеа да постигне гол, па погодокот на гостите во 32-рата минута се покажа како доволен за освојување три бода.
Колку само за споредба, селекцијата на Косово вкупно вреди околу 100 милиони евра, што значи дека само Ѓокереш и Исак имаат двојно поголема вредност на пазарот од сите репрезентативци на Косово.
Сепак, синоќа уште еднаш се покажа дека имињата не играат на теренот и дека со борбена игра може да се победи секого. Во четири меча, Шведска има постигнато само два гола, и тоа во првото коло против Словенија, што е и единствен освоен бод во овие квалификации за нив.