Барселона по викенд-колото во Ла Лига се најде осамена на врвот од табелата, но Ханси Флик и раководството веќе размислуваат за нови засилувања за летниот трансфер-период.
Фокусот е ставен на напаѓач и десен бек, а се чини дека германскиот тренер веќе го направил својот избор. Флик сака офанзивната линија да ја засили со Александер Исак од Њукасл, фудбалер кој во моментов вреди 75 милиони евра, сума што е висока за Барселона, но сè ќе зависи и од продажбата на фудбалери и дали ќе се направи место во правилото „1/1“ за финансиски ферплеј. Доколку сè оди според планот, тогаш Исак ќе биде реално засилување за Каталонците.
Опција за десен бек е романскиот интернационалец од Рајо Ваљекано, Андреи Рациу, кој вреди само седум милиони евра, а планот е да му помогне на Жил Кунде, кој според шпанските медиуми, не игра само кога ќе задоцни, бидејќи Барселона нема друга опција на оваа позиција.