„Шведски тикет“ со многу голови и квота поголема од 50 (Фото)

2533 – Боден – Питеа (19:00)

Дуел на две екипи од долниот дел на табелата во кој домашниот Боден влегува како екипата на чии натпревар се постигнати најмногу голови оваа сезона, дури 48 на 13 меча. Воедно, последните пет натпревари на Боден завршуваат со “гол-гол“ и минимум три погодоци. На спротивната страна, екипата на Питеа одигра “гол-гол“ на 19 од последните 25 натпревари.

Предлог тип: ГГ & 1+I&1+II (1.74)

 

2840 – Норби – Фалкенберг (19:00)

Разликата на табелата помеѓу овие две екипи е 10 бода, а гостите се со убави шанси оваа сезона да се вмешаат во борбата за пласман во повисок ранг. Овие две екипи одиграа пријателски натпревар во пресрет на новата сезона, на кој Фалкенберг забележа победа од 2-1 на гости кај Норби. Домашните се во серија од шест натпревари на коишто одиграле „гол-гол“, а на последните три натпревари забележаа порази. Фалкенберг на последните три првенствени натпревари играше со голови во двете мрежи.

Предлог тип: 2 & ГГ (3.05)

 

2539 – Лидкопинг – Херестадс (19:00)

Дуел на две екипи од горниот дел на табелата на шведскиот нисколигашки фудбал. Лидкопинг е на третата позиција и ќе води борба за пласман во повисок ранг, додека Херестадс е на шестата позиција и од сенка ќе ја чека својата шанса. Домашните се фаворити и според традицијата на овие две екипи коишто имаат одиграно само два меѓусебни натпревари и секогаш победувале домаќините. На последните седум натпревари на кои Лидкопинг играл биле постигнувани најмалку по три погодоци.

Предлог тип: 1Х & 3+ (2.25)

 

3644 – Упсала – Вигбихолмс (20:30)

Домашната екипа на Упсала е последна на табелата само со три бода, додека гостинот во моментов е во сигурната зона во средината на табелата. Според пласманот, Вигбихолмс е фаворит на овој натпревар, а Упсала на последните четири првенствени натпревари игра „гол-гол“, иако не успеа да победи ниту еднаш. Гостинската екипа е во серија од четири натпревари на коишто постигнувала погодок, но и примала.

Предлог тип: Х2 & ГГ (1.64)

 

3643 – Енскеде – Кварнсведен (20:00)

Натпревар на убедливо првопласираната екипа на табелата и претпоследната со изразит фаворит. Енскеде игра одлично и има серија од шест победи по ред, додека Кварнсведен ја има втората најлоша одбрана во лигата. Се очекува домашните да забележат сигурна и убедлива победа со која ќе го задржат првото место на табелата.

Предлог тип: 1 & 5+ (2.65)

- Оглас -

Најнови вести