Шведски тим не ја освои титулата, иако сезоната ја заврши без пораз и гол-разлика 78-0!

Шведската екипа на Алгенхолмс одигра речиси совршена сезона, но и покрај тоа што во 18 меча немаше ниту еден пораз и што не прими ниту еден гол во текот на целата сезона, не ја освои титулата во четвртата лига за фудбалерки.

Алгенхолмс одигра 18 меча во кои забележа 15 победи, имаше и три нерешени со ист резултат 0:0, а на крајот вкупната гол-разлика им беше 78 дадени и ниту еден примен гол. Сепак, Алгенхолмс на крајот заврши како втор затоа што тимот на Љунгбихедс имаше 16 победи, едно реми и еден пораз, па на крајот имаше бод повеќе од Алгенхолмс.

Шампионот Љунгбихедс исто така имаше фантастична гол-разлика од 121 дадени и 14 примени голови. Љунгбихедс оди во ранг погоре, а Алгенхолмс ќе има иста шанса и тоа преку баражот што треба да го игра.

- Оглас -

Најнови вести