Фредрик Елијас Петерсон, кој има 19 години, на првите 10 меча во професионалната кариера даде 10 гола и стана најмладиот хокеар во историјата на НХЛ кому тоа му тргнало од рака. Членот на Ванкувер канакс со овој рекорден старт на кариерата станува моќно оружје во нападот на тимот.
Ова е десеттиот гол на Петерсон постигнат против славниот Детроит ред вингс:
Elias Pettersson gets his 10th goal with a wicked slapshot pic.twitter.com/Ya7u16oQSB
— Brady Trettenero (@BradyTrett) November 7, 2018
Само пет играчи во историјата на НХЛ успеале да дадат 10 гола на првите 10 меча во лигата (НХЛ постои 100 години), а Петерсон, кој за неколку дена ќе наполни 20 години, е најмладиот меѓу нив.
Неверојатниот талент има и шест асистенции, па со 16 поени и просек од 1,6 по меч, потврдува за каков играч станува збор. Во минатата сезона, Петерсон беше дебитант на сезоната и МВП во шведската лига. Тој беше петти пик на драфтот и може да се покаже дека Ванкувер одбрал одлично и направил голема „кражба“, или тие што бираа пред него не го почувствувале талентот и го испуштија од раце.