Шведскиот император ќе ја освојува и Јужна Америка?

Аргентинскиот гигант Бока јуниорс покажува дека има големи амбиции со планот да го доведе Златан Ибрахимовиќ. На шведската ѕвезда му истекува договорот со ЛА галакси во декември, а клубот од Буенос Аирес ќе се обиде со богата понуда да ги придобие неговите услуги.

Впрочем, тоа е идејата на челниците на Бока како проект со кој би победиле на следните претседателски избори во клубот. Ќе биде вистинска сензација доколку популарниот Златан се пресели на „Ла Бомбонера“ и да игра на јужноамериканскиот континент, едно од ретките места каде што досега немал прилика да ги покаже своите способности.

Ибрахимовиќ веќе извесно време ја забавува фудбалската јавност во САД, вистински спектакл е кога курпулентниот Швеѓанец ќе се појави на терените во МЛС-лигата. Со Галакси е на добар пат да игра во разигрувањата, а се бори и за Златната копачка и веќе брои 27 гола на 26 меча.

Ибрахимовиќ во својата богата кариера освојуваше титули во Холандија, Шпанија, Италија, има и трофеј од Лигата на Европа со Манчестер јунајтед, а сега е на ред да ги освои симпатиите и во Аргентина, а меѓу „лудите“ фанови на Бока би бил омилен.

- Оглас -

Најнови вести