Шведските фудбалери не сакаат да играат по убиството на нивните навивачи во Брисел

Натпреварот меѓу Белгија и Шведска во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2024 година кој се игра во Брисел е прекинат на полувреме откако во градот припадник на терористичката организација ИСИС (Исламска држава) убил двајца шведски навивачи и нема да се доигра вечерва.

Фудбалерите на двете репрезентации на полувремето дознале за стравичниот инцидент кој се случил на улиците на Брисел, по што шведските репрезентативци одбиваат да излезат на теренот и да го доиграат натпреварот.

Нападот се случил околу 19 часот во населбата Моленбек, а според белгиските медиуми, напаѓачот дошол со мотор, по што почнал да пука од автоматско оружје и притоа убил две лица кои на себе имале шведски дресови.

Тој пукал и кон поголема толпа луѓе која се обидувала да се засолни во затворен простор, потоа стрелал и кон такси возило во кое имало две лица, по што избегал со мотоциклот.

 

- Оглас -

Најнови вести