Швеѓаните ја прегазија Русија и во четвртфиналето одат на Аргентина, Хрватска или Катар

Шведска ја растури Русија со 34-20 во меч кој требаше да биде дерби во последното коло од групата 4 во втората фаза на ракометното Светско првенство. Со овој убедлив триумф, Швеѓаните го освоија првото место во групата и во четвртфиналето ќе се сретнат против вториот од групата во која лидер е Данска, а за втората позиција конкурираат Аргентина, Хрватска и Катар.

Убедлива победа за сигурен пласман во четвртфиналето извојува и Франција против Португалија. Триколорите победија со 32-23, па Португалците се елиминирани.

- Оглас -

Најнови вести