Швеѓаните се лутат: Зошто Полска директно да оди во финалниот бараж?

Шведската фудбалска федерација објави соопштение со кое изрази незадоволство од одлуката на ФИФА да ја смести Полска директно во финалето на баражите за Светско првенство и да не најде замена за суспендираната Русија.

Полјаците во финалето на баражите треба да играат со подобриот од полуфиналето Шведска – Чешка, па ќе бидат во повластена позиција бидејќи наместо два, ќе играат само еден меч. Швеѓаните бараат повторно да се случи нешто слично како во 1992 година, кога на местото на Југославија, на ЕП играше Данска.

„Најразумно и спортски најчесно е Полска да има нов противник во полуфиналето. Разбираме дека ова е тешка загонетка за ФИФА, која треба да се реши, но треба да се уважи принципот на играње под исти услови, односно играње и победа на два меча за пласман на Мундијалот“, вели претседателот на Шведската федерација, Хакан Сјестранд.

Селекторот Јане Андерсон рече дека одлуката на ФИФА е потполно луда од спортска гледна точка, но го поздрави исклучувањето на Русија.

- Оглас -

Најнови вести