„Шверцерите“ се чекираат во Софија, а ги исмеваат со докази дека фотографиите се лажни (Фото)

Една од најпопуларните страници посветени на навивачите, чешката Хулиганс, постојано објавува снимки и фотографии од навивачки групи, а денеска ги исмеваат чаирските Шверцери.

На социјалните мрежи има фотографии од фанови на Шкупи кои се фалат дека се во Бугарија и покрај забраната за гостување на мечот со Левски во Софија.

Еден навивач се чекирал во кафе бар во Софија, а Бугарите тврдат дека станува збор за кафе бар во Пловдив, кој веќе не ни постои.

Друг фан на Шкупи е сликан на највискиот врв во Бугарија, Мусала, а соседите велат дека таа слика е лоша фотомонтажа бидејќи времето на врвот на Рила денеска е сончево, додека навивачот со шал на Шкупи е фотографиран во ден кога било облачно.

- Оглас -

Најнови вести