Шверцерите со поддршка за Англија против Србија

На натпреварот помеѓу Србија и Англија кој се игра вечерва од 21 часот, англиските фудбалери ќе имаат поддршка и од албанските навивачи.

Попладнево имаше еден инцидент и тепачка помеѓу Албанци и Срби, иако прво се мислеше дека се тепале Англичани со Срби. Албанија синоќа играше во Дортмунд, а градот Гелзенкирхен е блиску, па многу фанови на нашиот западен сосед дојдоа таму и заедно со Англичаните се контра на Србите.

Се појави и една фотографија на која навивачи на скопски Шкупи, популарните Шверцери, позираат со албанско знаме, заедно со англиски фанови од Бирмингем.

- Оглас -

Најнови вести