21.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Швјонтек експресно стигна до своето второ полуфинале на Ролан Гарос

Моментално најдобрата тенисерка на светот, Ига Швјонтек, се пласира во полуфиналето на ОП на Франција по сигурната победа над Џесика Пегула со 6-3, 6-2.

Шампионката на Ролан Гарос од 2020 година вторпат во кариерата се најде меѓу најдобрите четири на францускиот гренслем и е голема фаворитка да се закити со нова титула.

Швјонтек немаше проблеми во мечот против Пегула откако трипати направи брејк во првиот сет за да се радува само по 90 минути, откако ѝ украде уште два сервиси на противничката од САД.

Швјонтек во полуфиналето ќе се сретне со Дарија Касаткина, додека првиот меч за пласман во големото финале ќе се одигра утре (15 часот) меѓу Кори Гоф и Тревисан Мартина.

- Оглас -

Најнови вести