Четвртата тенисерка во светот, Ига Швјонтек од Полска, стана уникат меѓу активните тенисерки.
Вчера оваа 24-годишна тенисерка ја победи Швајцарката Белинда Бенчиќ во полуфиналето и за првпат во својата кариера се пласира во финалето на гранслем-турнирот Вимблдон.
Така Швјонтек сега е единствената активна тенисерка која успеала да стигне до финалето на сите три подлоги (трева, тврда, земјена). Таа има 4 титули на Ролан Гарос и една на Отвореното првенство на САД.
Во финалето на Вимблдон, Швјонтек ќе игра против Американката Аманда Анисимова.
И кај мажите има само еден тенисер кој играл финале на сите четири гранслема, тоа е Новак Ѓоковиќ, кој ги има освоено сите гранслеми и тоа барем по двапати. Јаник Синер, кој денеска игра полуфинале со Ѓоковиќ, ако победи, исто така ќе може да се пофали дека играл финале на сите четири најголеми турнири на светот. На Карлос Алкарас му фали финале на Отвореното првенство на Австралија, на другите три играл финале и ги има освоено.