Си беше на одмор на Миконос, но итно го викнаа во репрезентацијата и не можеше да одбие

Веста дека Серхио Бускетс е позитивен на корона-вирус ги расипа плановите на шпанскиот селектор Луис Енрике, кој сега стравува да не се појави уште некој случај, бидејќи синоќа целиот тим со Бускетс бил заедно на вечера.

Утрово селекторот на Црвената фурија му се јавил на Браис Мендес од Селта и го повикал да му се приклучи на националниот тим. Мендес бил на одмор на грчкиот остров Миконос, па по повикот од селекторот, фатил авион и заминал во Мадрид. Мендес е вакциниран бидејќи беше планирано да игра на Олимписките игри во Токио.

Браис Мендес дебитира за репрезентацијата во ноември 2018 година на меч против БиХ, кога влезе на местото на Сусо и успеа да постигне гол за победа од 1-0. Тој е сестран играч кој може да покрие повеќе позиции, па Енрике не сакаше да ризикува и му го расипа одморот на фудбалерот кој има 24 години.

- Оглас -

Најнови вести