Портланд е во транс по страшните игри на Демиен Лилард на почетокот на 2020 година, а стандардно навивачите го поздравија својот миленик со скандирање „МВП“ по новата блескава партија и 51 поен што бекот шутер и ги уфрли на Јута џез.
Лилард е првиот кошаркар со шест меча по ред на кои постигнувал најмалку шест тројки, па ги заслужи овациите од публиката. Навивачите си скандираа во негова чест, а на терен имаше интересна ситуација.
Вториот бек на Портланд од стартната петорка Си-Џеј Мекалум одлично се забавуваше и во такт го предводеше скандирањето од публиката. Си-џеј стана диџеј во чест на Лилард, а Портланд има одлична атмосфера и реди победи во НБА.
.@CJMcCollum chanting MVP for @dame_lillard is the PUREST thing you will see. pic.twitter.com/eoJF4NsxZJ
— Portland Trail Blazers (@trailblazers) February 2, 2020