Си дочекаа победа по 41 година и тоа го сторија со стил – Волците го торпедираа Манчестер јунајтед и со рекорд го урнаа „Олд Трафорд“ (Видео)

Вулверхемптон го надигра и го победи Манчестер јунајтед во меч од 21-вото коло во Премиер лигата, а триумфот од 1:0 им е прв на „Олд Трафорд“ од 1980 година.

Вечерва комплетно ги надиграа Црвените ѓаволи и со голот на Жоао Мутињо заслужено славеа на храмот на фудбалот по цели 41 година.

Волците по речиси две децении се првиот гостин на „Олд Трафорд“ што успеал за едно полувреме да упати дури 15 шута кон голот на гигантот.

Последен пат тоа се случи во сезоната 2003/04, а вечерва Вулверхемптон во првото полувреме имаше пет удари во рамките на голот што го бранеше Де Хеа и дури 10 надвор од рамките на голот на Манчестер јунајтед.

Манчестер одигра скромно и ја прекина серијата од 9 меча без пораз. Ова е и прв неуспех на Ралф Рангник откако го презеде кормилото на Црвените ѓаволи.

 

- Оглас -

Најнови вести