Си го бара: Дембеле вторпат го прекрши најстрогото правило на Куман

Усман Дембеле повторно си прави проблеми кои може да му наштетат во кариерата во Барселона. Францускиот офанзивец задоцнил петнаесетина минути на денешниот тренинг, а ваков пропуст му се случува вторпат месецов.

Наместо да се радува на својот камбек на терените по долгата пауза во вчерашната победата над Вилјареал со 4-0, Дембеле запаѓа во неволји слично како што правеше по трансферот од Дортмунд пред две години. Доцнењето на тренинг скапо ќе го чини, со оглед на тоа дека го прекрши најстрогото правило кое го постави Роналд Куман.

Холандскиот стратег настојува играчите да се појават во тренинг-комплексот еден час пред почетокот на секој тренинг, а со самото задоцнување Дембеле покажува недисциплина, однесување кое може да му стави крај на авантурата на „Камп ноу“.

- Оглас -

Најнови вести