Германскиот кошаркар Денис Шредер ако останеше во Бостон селтикс, сега ќе играше финале, а ако ништо друго, пред неколку месеци си направи тетоважа со амблемот на Селтикс.
Шредер откако потпиша за Бостон, на ногата си го истетовира логото на Селтикс, а само три месеци подоцна беше трампан во Хјустон рокитс. Сега Германецот ја покажа тетоважата како знак на поддршка за својот ексклуб.