Си го живее сонот: Преку популарна игра успеа да стане тренер на фудбалски клуб (ФОТО)

Популарната игра Фудбал Менаџер освои милиони љубители на фудбалот.

Можноста да го водиш тимот од соништата и за тој што навиваш или пак да земеш некој од „нисколигашите“ и да стигнеш до титула е тоа што ја прави оваа игра супер интересна.

Дел од многубројните играчи е и Шадаб Ифтхар, кој токму преку оваа популарна игра успеа да добие работа во шкотскиот тим Форт Вилијам.

Тој е толку навлечен на играта, што во 2010 година напишал теза како да се победи Барселона во моментите кога беше најсилна.

Сето тоа останало забележано од Роберто Мартинес, кој сега е селектор на Белгија, а во тоа време беше предводник на Виган, и со тоа му дал шанса во скаутскиот тим на некогашниот премиерлигаш.

„Навистина сум вљубен во оваа игра и многу ми помогна за да влезам во фудбалскиот свет.

Поради неа јас се заљубив во фудбалот, а сега за првпат во својата кариера ќе се обидам да бидам тренер на еден клуб.

Претходно бев предводник на фудбалската репрезентација на Монголија и тоа беше феноменално искуство“, изјави Ифтхар.

Сепак, пред него ќе биде навистина „пеколна“ задача бидејќи овој тим е на последното место само со еден бод во Хајленд лигата и има гол-разлика од 18 постигнати и дури 87 примени голови.

- Оглас -

Најнови вести