Натпреварот меѓу Хувентуде и ЕЦ Сао Хозе заврши со победа од 2:0, во меч кој се одигра од Гаучо шампионатот на Бразил.
Домаќините се израдуваа на победата, а еден од нивните фудбалери, Вилијам Матеус, по крајот на средбата се чини дека малку претера и си играше со „животот“.
Тој, видно радосен, по судискиот свиреж се упати кон соблекувалната, а на патот кон неа му удри една шлаканица по глава на полицаецот кој имаше и кацига.
Полицаецот зачудено се сврте кон фудбалерот, кој само ја крена победничката тупаница и продолжи кон просторот под трибините.