Си има проблем во главата, не може да ги средува веѓите кога треба да тренира

Кога блесна на Светското првенство во 2014 година, голем број европски гиганти посакаа да го имаат во своите редови. Колумбиецот Хамес Родригес беше прв стрелец на Мундијалот во Бразил, а погодокот против Уругвај во осминафиналето беше прогласен за најдобар на турнирот.

Тие игри беа доволни за Реал Мадрид тогаш да искешира околу 70 милиони евра, очекувајќи дека добија големо засилување. Сепак, Хамес не се наметна за место во првиот тим на Реал, па беше даден на позајмица во Баерн Минхен. Баварците сега решија да го вратат во Мадрид, а Кралевите се обидуваат да го продадат, но без успех.

Некогашниот лекар на колумбиската репрезентација, Хектор Фабио Крус, открива која е една од главните причини зошто кариерата на Хамес не оди во нагорна линија.

„Момчето не е фокусирано. Наместо да се подготвува за новата сезона, тој ги средува веѓите и ја поправа фризурата во време кога треба да тренира. Големи клубови каков што е Реал Мадрид очекуваат професионализам, играчите да бидат подготвени, но ова момче има проблеми во главата. Ако се подготвува како што треба, многу од проблемите на Хамес ќе бидат минато“, вели докторот Крус.

 

- Оглас -

Најнови вести