35.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Си отиде еден од заслужните за успесите на Реал Мадрид во последниве 12 години

Пол Бургес е непознато име во фудбалот, но сепак е човекот кој беше многу важен дел од Реал Мадрид во последните 12 години. Тоа е човекот кој од 2009 година, па до денеска ги одржуваше тревниците на „Сантијаго Бернабеу“ и на теренот на тренинг-центарот на Реал Мадрид.

За Бургес велат дека беше срцето и душата на Реал. Тој е најзаслужниот што Реал Мадрид играше на одличен терен, кој изгледаше како килим. Во Реал дојде во 2009 година од тимот на Арсенал и со неговото доаѓање заврши долгогодишниот проблем на клубот со лошиот терен.

Теренот на „Сантијаго Бернабеу“ стана еден од најдобрите во целиот свет, а Бургес успеа дури да ја среди тревата на јужниот дел од стадионот, каде што има недостаток на сонце. По дуелот со Гранада, човекот кој 12 години беше незаменлив во својата работа, си замина од Реал.

„На клубот му посакувам сè најдобро. Се надевам дека ќе се вратам повторно на’Сантијаго Бернабеу’, и тоа со 80.000 гледачи на трибините и ќе уживам во импресивниот терен и неверојатната атмосфера“, порача Бургес.

- Оглас -

Најнови вести