Си постигна автогол на ЕП, но се наоѓа пред трансфер во Ливерпул

Англискиот премиерлигаш Ливерпул има сериозен интерес кон дефанзивецот на Италија и Болоња, Рикардо Калафиори. Одбранбениот играч се истакнува со своите настапи за Сквадра азура досега на ЕВРО 2024, а Црвените ги следат неговите игри уште од минатата сезона во дресот на Болоња.

Медиумите на Островот тврдат дека Англичаните веќе започнале преговори со Болоња за цената на фудбалерот, при што Италијанците бараат најмалку 25 милиони евра за својот играч. Оваа сума може да се зголеми ако Калафиори и Италија имаат успешен настап на Европското првенство. За жал, на дефанзивецот не му тргна најдобро, па тој си постигна автогол во поразот од 0-1 против Шпанија.

Ливерпул е во фаза на трансформација, со оглед на промената на менаџерската позиција. Јирген Клоп замина од „Енфилд роуд“, а нов менаџер е Арне Слот. Тој допрва ќе треба да го изгради тимот според сопствените вкусови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести