Си постигна невиден автогол од пола терен, па едвај го смирија (Видео)

Џошуа Акпуџе си постигна ретко виден автогол од половина терен, а успеа да го изненади и својот голман во обид да му ја врати топката назад.

Играчот на летонскиот клуб Даугавпилс потоа плачејќи легна на тревата и едвај успеаја да го смират. За жал на Акпуџа со неговиот автогол Јелгава ја победи Даугавпилс со 1:0, а трагикомичниот момент што го реши мечот се случи во 83. минута.

Jelgava 1-0 Daugavpils – Joshua Akpudje OG 83′ (goal from the halfway line in Latvian Virslīga) from soccer

Акпуџа го играше само вториот меч за новиот тим, откако во март годинава потпиша за Даугавпилс.

Сепак како мала утеха за Нигериецот, кој игра во одбраната на тимот од Даугава е што првенството на Летонија е на самиот почеток, се одиграа само две кола, па има доста натпревари за да го корегира големиот кикс.

- Оглас -

Најнови вести