Манчестер јунајтед за помалку од еден час гостува кај Вилјареал во рамките на петтото коло од групната фаза во Лигата на шампиопните.
Со заминувањето на Оле Гунар Солскјер, тимот го води Мајкл Карик, а стартната постава изгледа зачудувачки.
Во првиот тим е Дони ван де Бек заедо со Ентони Марсија, играчи кои беа практично отпишани од страна на Норвежанецот.
Покрај нив, во првиот тим е и Џејдон Санчо, кој исто така беше катастрофален по неговото доаѓање од Борусија Дортмунд, а изненадувачки го нема Бруно Фернандеш во стартната постава.
ВИЛЈАРЕАЛ: Руљи, Еступијан, Торе, Албиол, Фојт, Гомез, Парехо, Капуе, Тригерос, Пино, Данјума.
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД: Де Хеа, Ван Бисака, Линделоф, Мегвајер, Мектоминај, Фред, Ван де Бек, Роналдо, Марсијал, Санчо.