Сијакам е тајниот адут на Репторс

Паскал Сијакам (Орландо меџик – Торонто репторс, НБА, 01 часот)

Крилото на Торонто игра извонредна сезона, а блеска кај Репторс на стартот од плејофот и тој е моторот на тимот, што има значајна предност од 2:1 во победи.

Сијакам особено добро играше на последниот меч и постигна 30 поени, а покажа дека е иднината на тимот со прекрасна претстава на гостински терен.

И ноќеска границата за збир на поени, асистенции и скокови не е висока во додатокот за НБА на Sport Life и Сијакам лесно може да го надмине таргетот 31.5.

Предлог тип: Сијакам >31.5 поени+асистенции+скокови (1.75)

 

Никола Вучевиќ (Орландо меџик – Торонто репторс, НБА, 01 часот)

Црногорскиот репрезентативец беше тивок на првите два меча на гостински терен, па потоа одигра нешто подобро во првиот домашен дуел за Орландо против Торонто.

Тој е многу важна алка за Меџик и ако одигра на нивото на коешто може и знае, тогаш Орландо има шанси да остане во игра за изненадување и елиминација на Репторс.

Вучевиќ може да постигне 20 и повеќе поени, а ако го стори тоа, тогаш ќе падне и границата од 34,5 во комбинација и со скокови и асистенции.

Предлог тип: Вучевиќ >34.5 поени+асистенции+скокови (1.87)

 

Кавај Ленард (Орландо меџик – Торонто репторс, НБА, 01 часот)

Бекот на Торонто го предводи својот тим кон втората рунда во плејофот, а Торонто со брејк успеа пак да ја врати предноста на домашен терен, ако серијата се одлучува во мајсторка.

Ленард одигра малку поскромно на третиот меч, или на првото гостување кај Орландо, но така беше и на стартот од серијата, па потоа експлодира со 37 поени.

Очекуваме повторно тој да ги преземе конците на играта на гостите во свои раце, а кога е така, Ленард е несопирлив.

Предлог тип: Ленард >26.5 поени (1.85)

 

Расел Вестбрук (Оклахома тандер – Портланд трејлблејзерс, НБА, 03.30 часот)

Човекот што успешно ја заврши сезоната со импозантни бројки и трипл-дабл во поени, асистенции и скокови секогаш е фаворит за да се одигра во триплета во Sport Life.

Вестбрук ако тргне, тешко се сопира, а реди трипл-дабл ефекти како од шега. Оклахома во третиот дуел ја искористи предноста да игра пред својата публика и со двоцифрена разлика и победа покажа дека може да се носи со фаворитот Портланд.

Вестбрук е клучен играч за Тандер и очекуваме тој да го контролира четвртиот меч и со помош на Џорџ, Адамс и останатите играчи на домашната екипа да ја направи серијата уште понеизвесна.

Предлог тип: Вестбрук >48.5 поени+асистенции+скокови (1.87)

 

Демиен Лилард (Оклахома тандер – Портланд трејлблејзерс, НБА, 03.30 часот)

Бекот шутер на Портланд беше одличен на првиот меч за Блејзерс на гости, уфрли 32 поени, но не можеше да спречи пораз и намалување на 1:2 од одличната екипа на Оклахома.

Портланд сè уште е во добра ситуација и сè уште ја има предноста да игра дома во евентуалниот седми меч, ако до него дојде, а Лилард и соиграчите ќе се обидат побрзо да го решат прашањето на победникот.

Лилард е клучот на успесите на Трејлблејзерс и повторно ќе биде првата опција во нападот. Тој умее да погодува прецизно и во серија. Очекуваме нов ефикасен меч од него и во четвртиот дуел ноќеска.

Предлог тип: Лилард >28.5 поени

 

 

- Оглас -

Најнови вести