15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Сидорф вели дека овој тим на Реал Мадрид не може да се нарече Галактикоси

Реал Мадрид го има приматот на актуелен европски и шпански првак и тоа не е случајно затоа што шпанскиот гигант во изминативе десетина години доминира на светската сцена. Иако има резултати за восхит, некогашниот фудбалер на Реал, Кларенс Сидорф, вели дека оваа генерација на Кралевите не може да се нарече Галактикоси како што беше пред 20-тина години.

Пред две децении во дресот на Реал Мадрид играа супер ѕвезди од калибарот на Роналдо, Раул Гонзалес, Зинедин Зидан, Луис Фиго, Роберто Карлос, Дејвид Бекам… Денешната селекција на Реал нема толку големи ѕвезди, но сепак има играчи кои носат големи успеси, а според Сидорф, тоа е така затоа што сега играат многу потимски.

„Не мислам дека оваа екипа на Реал треба да се нарече Галактикоси. Тука има многу добри фудбалери и верувам дека се поуспешни затоа што играат потимски. Тоа што можам да го видам од денешниот Реал Мадрид е повеќе од поединци. Екипа која знае да работи еден за друг. Знаат и заедно да тагуваат и тоа е голема разлика“, вели Сидорф.

Моментално во тимот на Реал има суперѕвезди како што се Килијан Мбапе, Џуд Белингам, Винисиус јуниор… Сидорф, кој со Реал Мадрид има освоено трофеј во Лигата на шампионите, е единствен играч кој се радувал на трофејот во ЛШ со три различни клуба (освен со Реал, бил европски првак и со Ајакс и двапати со Милан).

 

 

- Оглас -

Најнови вести