Најголемиот спортски спектакл во САД, финалето на НФЛ-лигата, или наречен Супербол, им припадна на фудбалерите на Сиетл, кои со 29-13 славеа против Њу Ингланд.
За Сиетл ова е втор трофеј во историјата по оној во 2013 година, но и своевиден реванш на Патриотите за поразот во големото финале во 2015 година.
Првото полувреме мина со малку поени, а првиот тачдаун беше виден во третата четвртина за водство на Сиетл од 19-0. Во последниот период Њу Ингланд успеа да намали на 19-7 и да спречи катастрофа, но следуваше нов тачдаут за Сиетл и убедливи 29-7.
Кога веќе сè беше решено, Патриотите успеаја да го ублажат поразот во последните моменти и да го постават конечниот резултат 29-13.


