Сиетл се враќа во НБА, еден друг град може да остане без клуб?!

Неодамна бејзбол легендата Алекс Родригес искажа подготвеност заедно со милијардерот Марк Лав да го купат НБА клубот Минесота тимбервулфс, но желбата им е Шумските волци од Минеаполис да ги преселат во Сиетл. Засега НБА се противи на ова, сака Минесота да остане, а ако интерес градот Сиетл повторно да добие НБА франшиза, тоа да биде нов клуб.

Сиетл во минатото имаше клуб, Суперсоникс, кои во НБА играа од 1967 до 2008 година. Потоа се преселија во Оклахома сити и се ребрендираа во Тандер. Минеаполис во 1989 година се врати на мапата на НБА откако многу порано, Лејкерс од кај нив се пресели во Лос Анџелес.

Сепак, за да се случи преселба на клуб, треба одобрување од НБА, а засега раководството на лигата сака нов клуб во Сиетл, не преселба на Тимбервулфс.

- Оглас -

Најнови вести