Сиган: Нè чекаа десет манекенки кои имаа наредба да нè „заморат“ пред мечот со Локомотив

Некогашниот фудбалер на Арсенал, Паскал Сиган, во едно интерву спореди анегдота која му се случила додека настапувал за лондонскиот тим. Во сезоната 2003/2004, Арсенал гостувал кај Локомотив Москва, во хотелот имале „убав одбор за пречек“.

„Кога стигнавме во хотелот во Москва, имаше десетина руски манекенки кои седеа пред барот и нè чекаа. Подоцна ни објаснија дека се обидувале да нè заморат пред натпреварот со Локомотив“ – вели Сиган.

Тој меч на Локо и Арсенал заврши 0-0.

„Не го загубивме натпреварот. Ако добро се сеќавам, никој од нас не беше толку глупав за да наседне на стапицата“ – додава Сиган кој и во тоа време беже оженет со две деца.

 

- Оглас -

Најнови вести